Група научниците од Финска истражувале како луѓето ги чувствуваат различните емоции на своите тела и открија дека кај мнозинствотото се манифестираат на сличен начин.
Испитаниците рекоа дека среќата и љубовта кај нив предизвикуваат чувство на топллина и активност во целото тело, додека депресијата има спротивен ефект, со неа се губат чувствата на рацете, нозете и главата.
Додека пак чувството на опасност и страв кај испитаниците предизвикувале силна сензација во пределот на градниот кош.
За лутината е утврдено дека е една од ретките емоции која што предизвикува чувство на зголемена активност на рацете.
Врз основа на истражувањето научниците направиле графички приказ на влијанието на емоциите врз телото.
-Нашиот емотивен систем во мозокот испраќа сигнали до телото за да знаеме како да се однесуваме во ситуацијата во која што се наоѓаме. Доколку некој види змија и почувствува страв, нервниот систем ќе го зголеми дотурот на кислород во мускулите, ќе ја забрза работата на срцето. Тоа е автоматски систем-изјави Лаури Нуменма, психолог од Универзитетот Алто, кој го води истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


