Свежо цвеќе денеска беше положено пред споменикот во кругот на полициската станица Гази Баба во населбата Автокоманда по повод одбележувањето на 14-годишнината од загинувањето на полицајците Кирил Петрушевски и Ерол Готак, кои во 2000-та година загинаа во село Арачиново.
Свежо цвеќе положија родителите на семејствата на загинатите, нивни роднини, делегација на општина Гази Баба предвоена од градоначалникот Тони Трајковски, пријатели, претставници на 5-та полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


