Телескопот на НАСА наречен „НуСтар“ снимил неверојатна глетка 17.000 светлосни години од Земјата, а астрономите ја нарекле снимката „Божја рака“.
Глетката е снимена во близина на мртвата ѕвезда ПСР Б1509 – 58. Имено, кога умира ѕвезда, таа експлодира и исфрла огромен облак од материјал и се врти околу својата оска седум пати во секунда.
Астрономите сега се обидуваат да утврдат дали честичките во интеракција со магнетното поле што се наоѓа во близина ја обликувале формата прикажана на снимката или, пак, материјалот сам од себе обликувал човечка рака.
– Не сме сигурни дали е тоа навистина форма на човечка рака или само оптичка илузија – изјавил астрономот Хонгјун Ан од Универзитетот во Монтреал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


