Пратениците Јоргос Германис, Панајотис Илиопулос и Статис Букурас, на кои од претходно им е одземен пратеничкиот имунитет, денеска беа изведени пред прекршочен суд во Атина, во рамки на мерките против оваа политичка формација, за која властите тврдат дека претставува криминална група.
Пратениците се товарат за „раководење на криминална организација“.
Како што јави агенцијата АНА-МПА, според сведоци во судскиот процес, обвинетите учествувале во регрутирање на нови членови на партијата и во нивно обучување за напади врз имигранти.
Како реакција на денешниот судски процес, портпаролот на Златна зора, Илиајс Касидијарис изјави дека додека им се суди на членови на нивната партија, „терористите се шетаат слободно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Златна зора отстранета од седница, повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос
-
„Златна зора“ повторно убива низ Грција
-
Неофашистите на „Златна Зора“ направија нов скандал поради Македонија и Турција во ЕП
-
„Златна зора“ не успеа, во Брисел формирана „Групата на пријатели на Македонија” (видео)