Познатиот холивудски актер Бред Пит докажа дека е вистински џентлмен. Тој за својата сопруга најубавата жена во светот за 2013, година Анџелина Џоли, посвети писмо во кое ја опишува неговата љубов кон неа.
Оваа приказна за прекрасниот пар е навистина трогателна…
„Жена ми се разболе. Таа беше постојано нервозна, поради проблеми во работата, приватноста, нејзините неуспеси, проблеми со децата… Таа загуби 15 килограми и тежеше околу 40, а има само 35 години. Таа се стопи, постојано плачеше и беше разочарана од сè и од сите. Ништо не ја радуваше, постојано ја болеше главата, срцето, нервите во кичмата и ребрата. Спиеше лошо, не можеше да спие по цели ноќи и наутро беше уморна. Врската ни беше на работ. Убавината и одеше некаде, и се појавија подочници под очите, таа се опушти и престана да се грижи за себе. Таа одбиваше да снима филмови и воопшто ги одбиваше сите улоги. Јас изгубив надеж и мислев дека наскоро ќе се разделиме … но потоа решив да дејствувам. Ја имам најубавата жена во светот. Таа е идеал на повеќе од половина жени и мажи на земјата, а мене ми дозволила да спијам до неа и да ја прегрнувам. Почнав да ја преплавувам со цвеќиња, бакнежи и комплименти. Правев и изненадувања, и уживав секоја минута. И давав подароци и живеев заради неа. Им зборував на луѓето само за неа. Сите теми се сведува на неа и ја фалев пред моите и нашите заеднички пријатели. Нема да поверувате – таа стана поубава отколку што беше порано. Внесе тежина, престана да се нервира и ме бакнуваше посилно отколку порано. Јас дури и не знаев дека таа може ТАКА да бакнува. И сфатив едно: ЖЕНАТА е одраз на мажот. АКО ја сакам ДО бескрај, ТАА ЌЕ возврати со истото! ”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сомнителен пакет испратен и за Џо Бајден
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
За некој ден ќе се роди Марко кој никогаш нема да го видиш: Сопругата на Оливер му напиша писмо!
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!