| четврток, 6 декември 2018 |

Ерик Паланте загина на релито Дакар

Трагедија се случи за време на релито Дакар кое уште еднаш се покажа како најопасно рели во светот. За жал, на петтата етапа возена во петокот се случи трагедија откако на 143-тиот колометар од специјалот белгискиот мотоциклист Ерик Паланте беше пронајден мртов.

Засега не се познати околностите во кои 50-годишниот возач го загубил животот.

Паланте е 27-ми натпреварувач кој загинал на ова натпреварување од 1979-та година

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top