Аксел Лунд Свиндал од Норвешка беше најдобар на денешниот спуст во Шладминг на светското првенство и го освои златниот медал.
Зад двојниот светски шампион во спуст, со 46 стотинки задоцнување до среброто на целта стаса Доминик Парис од Италија, а бронзата му припадна на Давид Поасон од Франција, кој задоцни 97 стотинки зад победникот.
Свиндал кој го имаше стартниот број 17 беше фантастично брз и со време од 2:01,32, најбрзо ја мина патеката во австрискиот ски-центар Шладминг.
Норвежанецот е шестиот алпски скијач во историјата со две злата на светските првенства во спуст. Последен пред него таков подвиг направи Баернар Руси во 1972 година.
Свиндал има вкупно 5 злата од светските шампионати во различни дисциплини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хитер најбрза на спустот во Лејк Луиз, спектакуларно излетување на Линдзи Вон (видео)
-
Сребрен медал во супервелеслалом за Бојан Трајковски на Специјалната олимпијада во Австрија
-
Хиршер го освои шестиот Кристален глобус (ВИДЕО)
-
Драма на СП: Стравотен пад на скијачот од Монако, врескал од болки (видео)


