| четврток, 6 декември 2018 |

Почина поранешиот израелски премиер Ариел Шарон

Денеска во Тел Авив, во 85-та година од животот почина 11-от премиер на Израел, Ариел Шарон, објави „А1.он“. Смртта на Шарон ја потврдија лекарите од болницата „Тел Хашомер“, каде беше сместен во изминатиот период поради влошена здравствена состојба.

Владата на Израел најави државен погреб за познатиот воен генерал и поранешен премиер. Шарон беше еден од израелските легендарни политичари и воени лидери. Тој одигра инструментална улога во војната за Синај. Неговите победи на бојното поле му ја донесоа титулата „Царот на Израел.”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top