| четврток, 6 декември 2018 |

Корисниците на Yahoo изложени на вирус

Корисниците на Yahoo изложени на вирус, јавуваат странските медиуми, објави „А1“. Според нив, во периодот од 31-ви декември 2013-та година до 3-ти јануари 2014-та година европската страница на Yahoo бил поставен оглас, кој при кликање закачувал тројанец од типот „Zeus“ на вашиот комјутер.

Поради непознатиот корисник околу 2 милиони корисника добиле вируси во своите компјутери.

Откако ќе го инфицира корисничкиот компјутер, тројанецот црпи огормна количина од компјутерските ресурси, а притоа корисникот не знае за тоа.

Од компанијата Yahoo ја признаа нивната грешка и изјавија дека на овој вирус биле подложни корисниците кои користеле малку постара верзија од нивната страница или пак имале запостевени антивирусни заштити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top