Конзервативната британска политичарка Надин Дорис предизвика бурни реакции во јавноста и бројни коментари на социјалните мрежи со изјавата дека на Велика Британија и се заканува голем бран на емигранти од Југославија. Таа тоа го изјави во емисија во живо на BBC, објави „Фама.мк“
Говорејќи за механизмот на ЕУ кој овозможува привремено враќање на визниот режим за западнобалканските земји и ограничувањето на можноста за вселување на Бугари и Романци во Велика Британија, политичарката го покажа своето незнаење на историјата.
„Засега не се случи тој бран на емигранти, но може да се случи денес или утре, не знаеме, и во тоа е проблемот. Може да ни се случи и бран на доселеници од Југославија“, рече Дорис.
Нејзината изјава наиде на остра осуда кај јавноста.
„Надин Дорис очигледно не гледа Евросоног“, се шегува еден корисник на Twitter, а друг и напиша: „Порака за Надин Дорис: Југославија не постои. Распадот го предизвикаа немирите. Изгледа дека тоа си го пропуштила“.
Весникот „Independent“ појаснува дека Југославија е распадната во 1990 година по немирите кои кулминираа со војна и додава дека бивша Југославија сега ја сочинуваат БиХ, Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Косово и Словенија.
Инаку, Надин Дорис, позната и како „Mad Nad“, беше суспендирана од Конзервативната партија бидејќи во 2012 година учествуваше во реално шоу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


