| четврток, 6 декември 2018 |

Огромни ледени топки го преплавија езерото во Мичиген

Ледени топки се формираат затоа што температурата на водата во езерото е под точката на замрзнување, поради што се создале помали парчиња мраз кои од брановите станале се поголеми.

Езерото Мичиген и оваа година повторно, поради исклучително ниските температури се трансформираше во езеро на ледени топки.
Ледените топки се формираат затоа што температурата на водата во езерото е под точката на замрзнување, поради што се создале помали парчиња мраз кои од брановите станале се поголеми.
Брановите, на парчињата мраз цело време носеле нова вода која се замрзнувала во слоеви. На крајот, ветерот ги носел ледените топки на крајбрежјето.
Истиот феномен се случи и лани, кога најтешката замрзната топка тежеше 22 килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top