Мнозинството акционери на “Фершпед” му изгласале доверба на Штерјо Наков на денешното собрание кое што се одржа во хотелот “Метропол” во Охрид и на тој начин тој останува во Надзорниот одбор.
Од друга страна пак, Кираца Трајковска која беше негов најголем соперник, а воедно и иницијатор за свикување на вонредното собрание со мнозинство на гласови беше отповикана од Надзорниот одбор.
На местото на Трајковска бил избран Љубомир Давидовиќ како нов член на Надзорниот одбор. Мандатот на Давидовиќ ќе трае до март 2019-тата година, а интересно е тоа што токму Давидовиќ за место во Надзорниот одбор беше предложен токму од Кираца Трајковска.
Тоа беше и единствената промена во Надзорниот одбор бидејќи сите други членови остануваат исти. Исто така допрва ќе се одлучува кој ќе биде претседател на Надзорниот Одбор.
Официјалните информации за одлуките на Собранието денеска беа објавени и на Македонската берза.
Неофицијално, на Собранието, кое траеше помалку од два часа, не присуствуваше Кираца Трајковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.