| четврток, 6 декември 2018 |

Денес преставување на тимот за истрага на Кингерот

kinger-boris-trajkovski

Омер Кулиќ главниот истражител за авионската несреќа во која загина претседателот Трајковски и членовте на делегацијата, денеска во Скопје ќе соопшти дека истрагата повторно се отвора.

Според најавеното Кулиќ на денешната прес конференција ќе ги претстави македонските експерти, дел од 15- члениот меѓународен тим кој ќе учествува во истрагата за падот на кингерот.

Во истражната комисија има експерти од БиХ, Македонија, Србија и Хрватска.
Големиот број шпекулации како од македонската, така и од босанската јавност се причина поради кои повторно ќе се отвори истрага.

Согласно меѓународната федереација за цивилно воздухопловство, било која заинтересирна страна која може да собере нови докази, може да бара да се отвори нова истрага.

Кингерот на 26 февруари 2004 година се урна кај Мостар, Босна и Херцеговина, при што загинаа претседателот Борис Трајковски, членовите на државната делегација и екипажот на авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top