До вечер во 21 часот може да се праќаат коментари на www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk за неправилности или нелогичности во прашањата и за проблеми со функционирањето на системот, во кој МОН внесе 60.000 прашања од сите предмети, струки и видови образование, кои ќе бидат на екстерното тестирање на матурантите (трета или четврта година) закажано на 22 и на 24 јануари.
Двата предмета по кои ќе бидат тестирани ќе им бидат познати на 19 јануари кога училиштата ќе ги објават списоците. Бројот на прашања по наставен предмет зависи од тоа колку е тој застапен неделно, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, во просек ќе има сто прашања.
– До 21 часот денеска ќе биде отворена опцијата за испраќање на последните коментари од сите заинтересирани лица во однос на објавените прашања за екстерното тестирање на матурантите. Од информациите кои ги имам добиено, има околу 200 коментари, од кои 140 се однесуваат на конкретни прашања, а 50-60 се општи коментари. Во оваа фаза не би сакал да ги квалификувам дали се издржани или не. Направена е посебна работна група во МОН, која ја води директорот на Бирото за развој на образованието, со рок од четири дена, по затворањето денеска, да проверат, и ако забелешките се издржани, ќе бидат прифатени и коригирани за тестирањето – рече министерот Спиро Ристовски.
Тој не очекува проблеми во процесот зашто сега полагаат само матурантите, односно многу помал број ученици отколку во мај/јуни 2013.
– На 19 јануари ќе бидат објавени листите и учениците, три дена пред тестирањето, ќе знаат кои наставни предмети ќе ги полагаат – додаде министерот за образование и наука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мажите умираат да ви ги постават овие прашања, но се срамат…
-
Иван Скрињица, хрватски новинар: Вакво лудило никогаш не сум доживеал, каков лом, тотален хаос! (видео)
-
СДСМ продолжува да се откажува од сè што е македонско- нивниот кандидат за градоначалник на Ѓорче ги следи постапките на Заев
-
Овие 10 прашања се најпоставувани на Гугл


