| четврток, 6 декември 2018 |

Стево Пендаровски: Фан-страниците „Пендаровски за претседател“ не се мои

Stevo-Pendarovski-slajder-740x320

Професорот Стево Пендаровски за „Република“ потврди дека двете фан-страници на социјалната мрежа „Фејсбук“, на кои му се дава поддршка за евентуална негова кандидатура за претседател на Македонија, не се негово дело, ниту, пак, пак знае кој ги направил.

Јас воопшто не сум присутен на „Фејсбук“, немам ниту мој личен профил таму. Не знам кој ги направил и зошто се тие страни, но јас немам врска со тоа. Не се лутам ниту пријавив во полиција. Оваа ситуација е слична со онаа во 2011 година кога пред предвремените парламентарни избори, исто така на „Фејсбук“, се појави фан-страница со наслов: „Пендаровски за премиер“ – изјави Пендаровски за „Република“.

stevo fan strana

На една од фан-страниците има 1.589 допаѓања, а креаторите на страната велат дека Пендаровски е човек што може да ја обедини Македонија.

Тој уште еднаш кажа дека инфомациите дека ќе биде кандидат на СДСМ за претседател на Македонија се чиста шпекулација.

Ниту некој разговорал со мене за тоа ниту ми предложил такво нешто – додаде Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top