Реномираниот интернет-портал „Хендбол планет“ ги избра десетте ракометни ѕвезди што нема да настапат на ЕП во Данска.
Меѓу играчите се најде и нашиот репрезентативец Наумче Мојсовски, кој поради тешката повреда на коленото нема да настапи за Македонија. Мојсовски ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото во дербито од СЕХА-лигата против лутиот ривал Вардар. Тој ќе отсуствува од терените најмалку шест месеци и поради тоа нема да биде во можност да му помогне на Металург до крајот на сезоната.
Покрај Мојсовски, меѓу ѕвездите на списокот што нема да настапат на ЕП е и левото крило на РК Вардар Тимур Дибиров, кој е репрезентативец на Русија, но поради несогласувањата со селекторот Кулешов го откажа настапот.
Дибиров е еден од ретките што нема да настапат, а не е повреден.
Список на играчи што нема да настапат на ЕП во Данска:
Наумче Мојсовски (Македонија)
Тимур Дибиров (Русија)
Ласло Наѓ (Унгарија)
Арпад Штербик (Шпанија)
Николај Маркусен (Данска)
Ким Андерсон (Шведска)
Блаженко Лацковиќ (Хрватска)
Марцин Лијевски (Полска)
Александер Петерсон (Исланд)
Савиер Бараше (Франција)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



