Досега никој не дозна за што точно разговараа ДУИ и нејзините челници на своите патувања низ светот, а истата приказна сега се најавува и од СДСМ. Претходно веќе четири-пет години и владејачката гарнитура одбра да молчи за преговорите за името сè додека не се дојде до конкретен предлог, кој може да се стави на референдум. Затоа е интересно Заев да каже кои се тие идеи за кои никој не знае какви се, а кои, наводно, можат да ја донесат земјата поблиску до решение на спорот. Нема ништо спорно јавноста во Македонија да дознае која е платформата врз основа на која му се дадени идеите на еврокомесарот Филе. За да нема изненадување подоцна, најдобро би било струмичкиот градоначалник да каже каков вид компромис нуди и дали тој е политичка платформа врз основа на која СДСМ ќе бара доверба на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат. Од другите прашања што се наметнуваат по божикната средба во Брисел, интересно е и прашањето како е поставено барањето за поголемо вклучување на Европската унија во спорот меѓу Грција и Македонија.
(Целиот текст можете да го прочитате во 71. број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 10 јануари)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.