| четврток, 6 декември 2018 |

20 деца од социјалнозагрозени семејства од Куманово ќе заминат на Пелистер

Дваесет деца од социјалнозагрозени семејства од Куманово на 14 јануари ќе заминат на зимување на Пелистер, објави „Куманово њуз“. Зимувањето ќе трае шест дена или пет полни пансиони, кои се на товар на државата. За децата е обезбеден превоз до одморалиштето и назад, а додека трае зимскиот одмор тие ќе имаат едукативни, забавни и спортски содржини. На зимување ќе заминат деца од семејства корисници на социјална , постојана парична помош и посебен додаток.

Децата што се корисници на посебен додаток имаат право на придружник додека се на зимување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top