Христијан Тодороски – Кико ја покажа девојката на која со месеци ѝ посветуваше љубовни статуси и песни, пренесува „Вечер“.
Како што пишува весникот, обожавателите на прилепчанецот за неговата сограѓанка и девојка Ивана велат дека е голема среќничка, оти токму таа од големата конкуренција ја има можноста да поминува долго време во прегратките на некогашниот идол, кој важи за едно од најпосакуваните момчиња кај нас, барем ако сметаме според бројот на „кикохоличарките“ (како што се нарекуваат неговите обожавателки).
Наводно, двојката ја почналаљубовната романса неколку часови пред почетокот на новата година, а првиот чекор го направила Ивана.
– Тие долго време се познаваат оти живеат во ист град, но, сепак, по толку години собраа храброст да си ја признаат љубовта и да почнат врска – изјави близок пријател на пејачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кико настрада поради некористење алпинистичка опрема – сведоштво на специјалците
-
Драма под Титов врв: Го чувавме како капка во секоја секунда, иако бевме премрзнати!
-
Фернандо Алонсо си ќари нова девојка, Вики Одинцова падна во прегратките на возачот на Формула 1
-
Ромарио одново одлично „стрела“, си ќари 23 години помлада девојка