„Љубојна“ вечерва гостуваат во „Објактиф бар“ во Охрид, на големо задоволство и на барање на љубителите на нивната музика, а меѓу охриѓани се секогаш добредојдени со топлината на нивниот звук, преку кој прават спој на традицијата и на модерното.
На крајот на минатата година „Љубојна“ концертно, низ повеќе градови, го презентираае својот албум „Љубојна брс фантаси“ (Ljubojna Brass Fantasy), издаден во 2012 година. Албумот е посветен на македонската егејска музика.
Вечерашниот концерт е со почеток во 22.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.