| четврток, 6 декември 2018 |

Сите патишта водат во Вевчани: Поставени патни табли на клучните коридори во Македонија

Викендов сите патишта водат во Вевчани. Тоа може да се забележи и од поставените патни табли што осамнаа по должината на клучните патни коридори во Република Македонија, со пречник 2,5 метри на два метра на кои пишува „Општина Вевчани“ по што следуваат сликовни апликации од Вевчанскиот карневал, Вевчански Извори и вевчанските шуми како клучни карактеристики на оваа општина.

Пратеникот Александар Спасеновски, кој е иницијатор на оваа идеја, смета се исполнети сите услови за поставување на вакви табли за Вевчани по примерот на веќе поставените за другите културно-природни знаменитости бидејќи Вевчани со Законот за прогласување на Вевчански Извори за споменик на природата го доби тој статус на што се надоврзуваат и другите особености на ова место каков што е Вевчанскиот карневал, кој е дел од светското културно наследство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top