Резултатите од реализираниот научен проект за утврдување на староста на Охридското езеро што се спроведе од март до јуни 2013 се очекува да бидат готови до месец мај годинава, објави „Охрид њуз“. Проектот за утврдување на староста на Охридското езеро, климатските промени и настанувањето на живиот свет во него го спроведоа стручни лица од Институтот за геологија и минерологија од Универзитетот во Келн, Германија, а со поддршка на Хидробиолошкиот завод од Охрид и македонското Министерство за образование и наука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.