| четврток, 6 декември 2018 |

„Сведоци: Канада“ премиерно во Кинотека

Во Кинотека на Македонија денеска премиерно ќе биде прикажан македонскиот современ документарен филм „Сведоци: Канада“ (Witnesses: Canada) кој ја раскажува приказната за протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, овој пат видена низ очите на македонската емиграција во Канада

Режијата и сценариото за филмот се на Атанас Чупоски, во супервизија на реализација на Мими Ѓоргоска-Илиевска.

Ова е компилациски анкетно-биографски документарен филм на историска тема, втор дел од документарната трилогија „Сведоци“. Во филмот дефилираат повеќе од седумдесетина соговорници, што го прави раритетен во македонската филмска продукција. Филмот е реализиран од интервјуата снимени во Канада во 2011 г., во рамките на владиниот проект со кој раководи Кинотека на Македонија: „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20 век“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top