| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за Рада Дивац, семејството вели возела со 35 км/ч

Divac-i-njegova-majkaРоднините на Владе Дивац, чиј татко почина во сообраќајна несреќа, се во шок соочени со лошата судбина на семејството. Семејството сега се справува и со кривична пријава која полицијата ја поднесе  против мајката на славниот кошаркар, која управувала со возилото. Казната може да биде и 12 години затвор.

-Не знаеме дали мора да е така, но сигурно сега и е многу тешко и без оваа пријава- велат роднините на Дивац, кои велат дека „е искусен возач“.

-Таа вози подолго од 40 години и никогаш не добила ниту една казна. Последните десет години, поради болеста на сопругот Миленко, таа возеше постојано. Никогаш не возеше пребрзо, таа е многу совесна и ги почитува прописите. Всушност, таков беше и Миленко целиот свој живот. Секогаш се трудеше до крај да го испочитува законот- ги пренесува Курир српските медиуми.

milenko-divacТие го свртеа вниманието на уште еден важен детаљ.

-Кобниот ден, Рада и Миленко, седнаа во автомобилот во 11 и 30 часот, а несреќата се случила околу 16 часот. За тоа време поминале нешто помалку од 140 километри, што значи дека се движеле со просечна брзина од 35 километри на час. Дури и да застанале да одморат, иако не веруваме бидејќи Миленко тешко се движеше и не можеше да излага, сепак брзината не можела да биде многу поголема- проценуваат роднините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top