| четврток, 6 декември 2018 |

Победнички пресврт на Њујорк никс во 2014 година

Во Њујорк конечно се игра добра кошарка, а популарните Кникербокерс или Никс ја забележаа четвртата победа во пет натпревари што ги одиграа во Новата година. Ноќеска во „Медисон Сквер Гарден“ падна и шампионот Мајами хит, а победата на Њујорк беше убедлива со 102-92. Кармело Ентони се врати по повредата и веднаш се забележува напредок во играта на тимот од Њујорк.

Мело постигна 29 поени, Барњани додаде 19, а Фелтон забележа 13 поени и 14 асистенции за тринаесетта победа во 36-от меч на Никс сезонава. Кај шампионот Мајами Леброн Џејмс беше најефикасен со 32 поени, Вејд даде 23, а потфрли третата голема ѕвезда во тимот, Крис Бош со само 6 поени. Мајами има скор од 27-9.

Пораз забележа и вториот фаворит ноќеска, Оклахома, против Денвер на гостински терен, Ренди Фој постигна 23 поени за победничкиот тим, кој има серија од 4 успеси по ред, по лошата низа од осум едноподруго порази. Фурние забележа 19 поени, а одлична партија одигра и Тај Лоусон со 16 поени и 14 скока.

Кај Оклахома очекувано прв стрелец беше Кевин Дурент со 30 поени, но и тоа не помогна да се избегне првиот пораз од Денвер во третиот меѓусебен дуел на двете екипи сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top