| четврток, 6 декември 2018 |

„Клозер“: Франсоа Оланд и Жули Гаје – Тајната љубов на претседателот

Францускиот претседател Франсоа Оланд разгледува можности, вклучувајќи ги и судските, за повредата на неговата приватност по објавувањето серија на фотографии за неговата наводна врска со актерката Жули Гаје, во списанието „Клозер“, јави дописникот на МИА од Париз.

Денешното специјално издание на „Клозер“, на седум страници пишува за врската на францускиот претседател со актерката Жули Гаје, со фотографии на кои тешкот може да се препознае Оланд, под наслов „Франсоа Оланд и Жули Гаје – Тајната љубов на претседателот“.

Според списанието, кое се занимава со приватноста на познатите личности, околу Нова година шефот на француската држава со кацига на главата, со својот скутер бил пред домот на актерката.

Интересно е дека весникот си поставува прашање за „безбедноста“ на претседателот, придружен од само еден телохранител, кој ја заштитува тајноста на средбите со актерката и кој дури носи и кроасани!

Официјално Оланд, живее со Валери Триервилер, откако долги години живееше со Сеголен
Ројал, која беше кандидатка на француските социјалисти на претседателските избори во 2007 година, со која имаше четири деца.

Жули Гаје е актерка на возраст од 41 година. Во март 2013 година таа поднесе тужба против непознат сторител против авторот на гласините кои се прошириле на Интернет за наводната врска со Оланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top