| четврток, 6 декември 2018 |

Гром удри на плажа, тројца загинати

gromovi

Три лица загинаа, а 15 други беа повредени откако гром удрил на плажа преполна со луѓе во Аргентина, пренесуваат локалните медиуми. Две лица се во критична состојба. Инцидентот се случил во екот на туристичката сезона во туристички град во близина на Буенос Аирес, пренесе „Нова телевизија“.

Громот неочекувано удрил во еден од чадорите за сонце. Во моментот на плажата имало и многу деца. За среќа, ниту едно од нив не е повредено.

Повредените лица биле однесени во локалната болница со различни повреди, вклучувајќи и изгореници, пишуваат аргентинските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top