Трансферот на Роберт Левандовски од Борусија во Баерн само ги подгреа старите приказни за фудбалските „предавници“, односно играчи кои преминале во ривалски клубови и тоа во врвот на кариерата.
Уште еден таков свеж пример е трансферот на Марио Геце, исто така од Борусија во Баерн Минхен. Поради тоа е направен идеалниот тим од 11 играчи што покрај добрата игра и големиот талент, ќе останат омразени кај навивачите од чии клубови прејдоа кај ривалите.
Голман: Владимир Стојковиќ (поранешен капитен на Црвена ѕвезда, па во Партизан)
Одбрана: Ешли Кол (од Арсенал во Челси), Вилијам Галас (од Челси во Арсенал), Сол Кембел (од Тотенхем во Арсенал), Абел Ксавиер (од Евертон во Ливерпул)
Среден ред: Андреа Пирло (од Милан во Јувентус), Луис Фиго (од Барселона во Реал Мадрид), Марио Геце (од Борусија во Баерн), Роберто Баџо (од Фиорентина во Јувентус, а потоа во Милан, па Интер)
Напад: Карлос Тевез (од Манчестер јунајтед во Манчестер сити), Роналдо (настапувал и за Барселона и за Реал Мадрид, како и за Интер и за Милан).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


