
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Кристијан Вигенин, денеска ќе се сретене со неговиот македонски колега Никола Попоски за време на работната посета на Македонија.
Во фокус на средбата меѓу двајцата министри ќе бидат билатералните проекти за соработка во инфраструктурата, економијата и регионалното поврзување.
Министерот Вигенин ќе има и свое обраќање на дипломатската академија на МНР на тема „ЕУ и Западниот Балкан: предизвици во 2014 година“, како и средба со собраниската група за пријателство со Република Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


