
Со новиот закон за територијална поделба што се подготвува и кој треба да стапи во сила за локалните избори во 2015 година, албанската влада ќе ја укине општина Пустец. Ова е предвидено во нацрт-верзијата на новиот закон за територијална поделба, објави весникот „Македониум“.
Според нацрт-верзијата на овој закон, кој го подготвува работната групи на албанската влада предводени од Бленди Чучи, државен министер за локална самоуправа, се предвидува општина Пустец во областа на Мала Преспа, која е населена со чисто македонско населени, да се припои со неколку албански општини.
Новата општина ќе се вика Полени (Појан) и ќе ги опфаќа општините Пустец, Полени и Врештас, како и селата Шамол, Малавец, Белорта, Куч и Зи и Невечишт од општина Булгарец. Новата општина ќе има население од 41.396 жители.
Припојувањето на општина Пустец со албанските општини не е во интерес на Македонците во општина Пустец бидејќи во новата оптштина Македонците би немале никакво влијание и она од што најмногу се стравува е дека новата оптштина, која ќе биде раководена од градоначалник Албанец и Советот на општината сочинет од Албанци, ќе го раздадат општинското земјиште која се наоѓа на брегот на Преспанското езеро, на Албанци, со што со текот на годините би се менувала етничката структура на Мала Преспа, која сега е населена со чисто македонско население. Ова општина и не би била функционална за Македонците во општина Пустец затоа што за секаква услуга треба да патуваат 40-тина километри до седиштето на новата општина.
Во сите досегашни иницијативи изминативе години за реформа на територијалната поделба, никогаш не беше предвидено укинување на општина Пустец, дури и 2004 година кога социјалистиите беа на власт и кога подготвуваа таква реформа, бидејќи општина Пустец е населена со чисто македонско население, и таков чин би бил во спротивност од сите меѓународни конвенции за малцинствата.
Нацрт-верзијата на новиот закон не е објавена за јавноста и процесот на консултација покренат од владата на Еди Рама го бојкотираше опозијата и организациите на општините предводени од опозицијата, кои бараат друг пристап за ова реформа. За гласање на овој закон се потребни 84 пратеници, кој владата на Еди Рама заедно со коалицискиот партнер Илир Мета имаат 85 пратеници.
Општина Пустец се состои од селата Горна Горица, Туминец, Долна Горица, Глобочени, Пустец, Шулин, Леска, Зрноско и Церје, населени со 5.260 жители Македонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


