
Малолетник од Скопје направил најмалку 5 кривични дела за помалку од 3 часа. Полицијата успеала да го уапси 14-годишниот скопјанец кој им режираше вистински хорор-филм на своите соседи и на полицајците.
Според „Прес24“, малолетниот драчевчанец синоќа сценариото го започнал со напад на 85-годишна старица во нејзиниот дом во Драчево, од која барал пари, но не успеал да ги добие. По неуспешниот обид украл автомобил, па со него предизвикал сообраќајна несреќа со поголема материјална штета на Првомајска, по што го оставил искршеното возило и повторно избегал.
По ова малолетнинкот не се откажал туку само ја променил улицата, па во непосредна близина нападнал уште една старица на која ѝ го украл златниот ѓердан. Но, и тоа не му ги заситило апетитите, па нападнал и една жена која се движела во непосредна близина во обид да ѝ ја украде чантата. Откако таа пружила отпор, ја фрлил во канал и ја држел околу 15 минути.
Откако се решил да ја пушти, отишол во домот на својата баба и почнал најпрво вербално, па потоа и физички да ја напаѓа. Во кусата борба успеал да предизвика пожар.
По овој настан интервенирала противпожарната екипа, како и полицијата, која го привела малолетникот.
Кои биле мотивите за серијата кривични дела сѐ уште не е познато, а од полицијата повеќе детали најавуваат за денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


