Новинарите на „И-Ес-Пи-Ен 710“ во Лос Анџелес по грешка објавија статус на нивниот профил на „Твитер“ дека Пау Гасол оди од Лос Анџелес лејкерс во Кливленд, а брзата реакција и повлекувањето на твитот, сепак, не помогнаа да се намали штетата. Особено што токму во тие моменти шпанскиот кошаркар бил во „Пантаџис театар“ во Холивуд и со семејството го следел мјузиклот „Кралот Лав“.
„Веднаш почнаа да ми праќаат пораки со честитки за трансферот во нов клуб, а имаше доста што изразија и жалење што го напуштам тимот на Лос Анџелес лејкерс. Ми беше малку непријатно кога прочитав дека сум трампан во Кливленд, но, за среќа, не ми го расипа докрај расположението и следењето на мјузиклот“, изјави Гасол.
За Пау долго време се говори дека ќе биде ставен во таканаречениот трејд-блок, односно дека ќе оди во друг клуб од НБА, во размена што во Лос Анџелес би довела друг(и) кошаркари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.