| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул – град со најголем промискуитет на островот

marion-popeИстражување за сексуалното здравје спроведено во Велика Британија покажало дека најпромискуитетни се жителите на Ливерпул. Таму е најголема веројатноста да се помине ноќта со странец, а по него следат Оксворд и Њукасл.

Во истражувањето учествувале повеќе од 2000 мажи и жени над 18 години без сериозна врска. Речиси 50 проценти од нив признале дека редовно спие со странец. Во Ливерпул, пак, процентот е дури 61.

Кога се во прашање бизарни сексуални игри, нив најмногу ги играат во Кардиф, покажува друго истражување. Потоа следат Њукасл и Единбург. Иако водат на листата за промискуитет, ливерпулци се поконзервативни, па на оваа листа се дури четврти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top