| четврток, 6 декември 2018 |

Балканскиот романтичар во Скопје во месецот на љубовта

Еден од најголемите балкански романтичари и миленик на жените, Жељко Самарџиќ, најавува концерт во Скопје. За ова февруарско појавување на Жељко пред македонската публика, организаторите „Балкан медиа“ се погрижија посебно. Имено, на денот на концертот, 15 февруари (сабота), „Метрополис арена“ ќе биде специјално адаптирана и за седење и за стоење.

Самарџиќ во Скопје доаѓа придружуван од својот бенд и подготвен пред македонската публика повторно да ги испее хитовите кои ја одбележаа неговата кариера и од музичар кој пее туѓи песни низ кафулиња и дискотеки направија еден од најдобрите пејачи на Балканот.

Во месецот посветен на виното и љубовта, организаторот го носи пејачот што е синоним за љубов и воедно најавува изненадување за сите што на 15 февруари ќе бидат во „Метрополис арена“.

 Влезниците од денес се пуштени во продажба на стандардните продажни места: Пола Југотон, Цвеќара Розе Веро 2, Камарад Рамстор и многу други локални места низ државата. Цената на влезниците е: партер стоење – 400 денари, партер седење – 600 денари, ВИП галерија стоење – 600 денари, ВИП галерија седење – 700 денари, ВИП партер – 700 денари. Резервации за високи маси во ВИП делот на: 078 96 99 98

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top