| четврток, 6 декември 2018 |

Ма­ке­до­не­цот е крив што е жив

Да би­де иро­ни­ја­та по­го­ле­ма, три од соседните зем­ји се член­ки на НАТО, а две на Европ­ска­та уни­ја, ор­га­ни­за­ции чии член­ки во сво­јот нај­те­сен опис ка­ко др­жа­ва на­ве­ду­ва­ат де­ка се зем­ји во кои вла­дее пра­во­то

Thousands of Macedonians protest in favour of keeping their country's name

Што зна­чи да си Ма­ке­до­нец во суд во Гр­ци­ја, Ал­ба­ни­ја или во Бу­га­ри­ја? Суд­би­на­та на на­ши­те со­на­род­ни­ци ко­га ќе се нај­дат пред су­до­ви­те на со­сед­ни­те др­жа­ви, бу­квал­но, мо­же да се опи­ше со нас­ло­вот на овој текст. Ду­ри и за де­ла што не­ма­ат ни­ка­ква вр­ска со по­ли­ти­ка­та, Ма­ке­дон­ци­те лес­но за­вр­шу­ва­ат во за­твор кај со­се­ди­те. Единс­твен иск­лу­чок е Ср­би­ја, ба­рем за­се­га.

Да би­де иро­ни­ја­та по­го­ле­ма, три од овие зем­ји се член­ки на НАТО, а две на Европ­ска­та уни­ја, ор­га­ни­за­ции чии член­ки во сво­јот нај­те­сен опис ка­ко др­жа­ва на­ве­ду­ва­ат де­ка се зем­ји во кои вла­дее пра­во­то.

Во оваа ана­ли­за ќе ви­ди­ме, со нес­пор­ни до­ка­зи, фла­грант­но кр­ше­ње на за­ко­ни­те кај со­сед­ни­те др­жа­ви и ка­ко се­то тоа го иг­но­ри­ра­ат суд­ски­те вла­сти. Во­ед­но, ед­на спо­ред­ба со слич­на си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја јас­но по­ка­жу­ва де­ка на­ше­то судс­тво во де­ле­ње­то прав­да за по­ли­тич­ки про­це­си, но и за дру­ги, е бу­квал­но по­им за со­сед­ски­те.

prototema

За по­че­ток да ви­ди­ме еден од нај­ек­ла­тант­ни­те при­ме­ри. Слу­ча­јот со про­це­сот на Евге­ни­ја На­ци­ли­ду мо­же да вле­зе во ана­ли­те на судс­тво­то по сво­ја­та ап­сурд­ност, во кој грч­ки­от су­ди­ја гле­дал и на што таа кли­ка­ла „ми се до­па­ѓа“ на со­ци­јал­на­та мре­жа „Фејс­бук“. Овој слу­чај е мош­не ин­те­ре­сен би­деј­ќи е нов. Вес­ни­кот „Про­то те­ма“ ја об­ви­нил прет­став­нич­ка­та на Обе­ди­не­та ма­ке­дон­ска ди­јас­по­ра де­ка со вал­ка­ни па­ри во­де­ла ире­ден­ти­стич­ка вој­на про­тив Гр­ци­ја. На­ци­ли­ду го ту­же­ла вес­ни­кот за кр­ше­ње на ан­ти­ра­си­стич­ки­от за­кон, на­вре­да и не­за­кон­ско об­ја­ву­ва­ње фо­то­гра­фи­ја. Су­дот ја при­фа­тил са­мо туж­ба­та за на­вре­да, но ко­га ад­во­ка­тот на вес­ни­кот ја на­ре­кол „агент на Скоп­је“ и из­ва­дил копија од неј­зи­ни­от про­фил на која се гле­да­ло де­ка клик­на­ла „ми се до­па­ѓа“ на стра­ни­ца­та на пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски, су­ди­ја­та тоа го при­фа­тил ка­ко – до­каз!

Целиот текст за голготата на нашинците по соседските судови, прочитајте во нареднио број на неделникот „Република“, кој во продажба е од утре, петок, 10 јануари 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top