| четврток, 6 декември 2018 |

Ја ограбил фирмата, а потоа пријавил кражба

kamion na sneg

Возач на камион си ставил в џеб 1.900 евра од компанијата за која работел, а потоа пријавил в полиција дека некој му ги украл парите од камионот.

ПС „Гевгелија“ поднесе кривична пријава за И.С.(36) од село Долно Количани, Скопско, за сторено кривично дело лажно пријавување кривично дело. На 1.12.2013 година, пријавениот со намера да се здобие со противправна имотна корист, лажно пријавил дека од страна на непознат сторител преку незаклучена кабина на товарно возило МАН, кој го управувал биле одземени 1.900 евра сопственост на транспортната компанија, каде што бил ангажиран како возач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top