| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец со закани терал селанец да краде дрва за него

drvokradci

Штипски полицаец со закани принудил селанец од село Јонузлија бесправно да сече огревни дрва и да му ги дава нему, јави штипската полиција.

СВР од Штип поднесе кривична пријава за Т.М.(48) од Штип, полициски службеник во ПС „Штип“, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Пријавениот во периодот од 13 до 15.10.2013 година, искористувајќи ја својата службена положба, во неколку наврати со закани го принудувал Т.С.(38) од село Јонузлија да врши нелегално сечење огревни дрва во плачковичкиот реон на општина Карбинци. Откако, Т.С. дрвата ги оставал во близина на Јонузлија, пријавениот ги преземал и ги превезувал со свое возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top