Низ интернет се шири интересна преписка меѓу ученик и професор и тоа на тест по биологија.
Ученикот место да дговори на прашањето за радиоктивен јаглероден изотоп, побарал совет за љубовниот проблем што го мачел.
„Морам да бидам искрен, не го учев овој дел и не внимавав на предавање. Не ми е ниту важно, дури и не ја сакам науката. Но ве сакам вас и не сакам да го уништам нашето пријателство. Бидејќи не го знам ова, имам прашање до вас. Почнав да се допишувам со една девојка и знам дека таа мисли дека сум сладок, но не знам како да почнам разговор, па мислев дали вие имате некоја идеја? Тоа е засега, господине Џ, но ќе се слушнеме подоцна“, пријателски напишал ученикот на тестот.
Професорот не останал должен, па на местото за оценка му напишал идеја за разговор.
„Импресионирај ја со разговор како со методот на радиоактивен јаглероден изотоп се одредува старост на некој артефакт, мене ми успева секогаш“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Советниците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата на советот на општина Куманово
-
Седница на СБ на ОН за работата на Хашкиот трибунал
-
ДУИ и СДСМ немаат мнозинство во советот во Тетово – се чека на меѓупартиски договор
-
Писмо од една домаќинка: Најважниот совет за чистење на куќата која секоја жена треба да го прочита!