| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио лесно во тексашкото дерби

Во синоќешната програма во НБА-лигата беа одиграни девет натпревари.
Parker

Атланта со извонредниот Перо Антиќ, кој постина 16 поени, ја победи Индијана со 97-87. Антиќ одлично го отвори натпреварот постигнувајќи осум поени во првите четири минути, со кои го натера противничкиот тренер при резултат 10-0 за Атланта да побара тајмаут. „Јастребите“ искусно ја сочуваа разликата од почетокот на мечот до крајот на натпреварот.
Во дербито на Тексас искуството во тимот на Сан Антонио го одлучи натпреверот. Жртва на повеќекратниот шампион на НБА беше Далас, кој беше поразен со 112-90. Тони Паркер постигна 35 поени, а до нов двоен резултат во две категории дојде Тим Данкан со 16 поени и 13 скока.
Најинтересен дуел беше тој меѓу Минесота и Феникс, каде што гостите во последните две минути дојдоа до целосен пресврт на натпреверот и успеаја негативата од шест поени од последните две минути да ја анулираат и да стигнат до значајна победа од 104-103.
Словенецот Драгиќ одигра уште една брилијантна партија. Беше играч на натпреварот со 26 поени, девет асистенции и шест скока. Кај поразените, Пековиќ и Кевин Лав постигнаа двоен ефект, но со лош шут од поле. Лав погоди само четири шута од 20 обиди.

Резултати:

ЛА Клиперс – Бостон 111-105, Портланд – Орландо 110-94, Минесота – Феникс 103-104, Хјустон – ЛА Лакерс 113-99, Њу Орлеанс – Вашингтон 96-102, Бруклин – Голден Стејт 102-98, Атланта – Индијана 97-87, Торонто – Детроит 112-91, Сан Антонио – Далас 112-90.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top