Поради анонимна закана за поставена бомба во близина на центарот на Прага, во областа Винохради се затворени неколку улици и евакуирани повеќе од илјада луѓе од околните објекти, соопшти локалната полиција.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, полицијата врши проверки на повеќе згради во затворената област поради тоа што во анонимната пријава не било прецизирано местото каде се наоѓа наводниот експлозив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


