| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хрватска се повлекуваат млеката на „Дукат“ и на „Виндија“

Неколку видови на млеко на „Дукат“ и на „Виндија“ се повлекуваат од трговската мрежа поради сомневање дека имаат зголемена концентрација на афлотоксинот М1, пишуваат хрватските медиуми.  На зголеменото присуство на афлотоксинот М1 производителите во Хрватска ги предупредиле од Босна и Херцеговина, пишува хрватскиот дневен весник „Јутарњи лист“. Овие производи ги има и на македонскиот пазар.

Испитаните примероци во Ветеринарсниот институт во Хрватска покажле помали отстапувања од дозволените. Поради сигурност, примероци од млекото се испратени и во референтната лабораторија во Виена, Австрија. Тие релултати се очекуваат во средината на февруари.

Производителите на овие млека го информирале министерството дека сите количини се повлекуваат од трговската мрежа и стопиран е извозот во БиХ.

dukat rajno mleko

Станува збор за трајното млеко на „Виндија“   со масленост 2,8 проценти од литарско пакување со дата на употреба до 7 март 2013, потоа „УХТ“ хомогенизирани и стерилизирано млеко со 2,8 проценти масленост, еден литар, датум на употреба 31 мај 2013 и уште два вида на млека на „Дукат“ – трајно млеко, 2,8 отсто масленост, пакување од пола литар и рок на траење 24 јуни 2013 и трајното млеко „Лагано јутро“, 2,8 отсто масленост, пакување од еден литар, употребливо до 25 април 2013.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top