
Весна Гиновска Илкова
Традиционално, и оваа годана на 12 и 13 јануари во Македонската опера и балет (МОБ) ќе се одржи концертот „Филмски ноти“ под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.
На концертот ќе настапат врвни оперски солисти, естрадни ѕвезди и хорот и оркестарот на Операта и Балетот. Тие ќе изведат познати музички нумери од популарните филмови како: „Кум“, „Коса“, „Дух“, „Маската на Зоро“, „Телохранител“…
Публиката ќе има можност на сцената да ги види првенката на Операта, Весна Гиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Саздовски, Наде Талевска, Олгица Христовска, Олгица Милевска, Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Влатко Лозановски-Лозано, Горан Наумовски, Ѓоко Таневски, Верица Пандиловска, Андријана Јаневска, Елена Петреска, Маја Гроздановска-Панчева, Ана Мицковска, Дејан Бобиќ-Дексо и Александра Јанева.
Концертен мајстор е Верица Ламбевска, а музички продуцент Горан Наумовски.
Македонската опера и балет веќе 25 години ја одржува традицијата на одбележување на празникот Василица со пригоден концерт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


