Додека во САД е замрзнато, делови од јужната хемисфера достигнаа рекордно висока температура. Во Минеаполис, Минесота, достигна -50 степени, додека луѓето во Рио де Жанеиро на секој начин бараат освежување од неиздржливите 50 Целзиусови степени.
Разликата во температурата меѓу двете места е 100 степени, пренесува „Би-Би-Си“.
Управата на зоолошката градина во Чикаго реши дури и поларните мечки да ги затвори и не им дозволуваат да излезат надвор од нивните простории, а температура под нулата за првпат беше измерена и во јужен Тексас и во централна Флорида.
Во исто време, температурата урива рекорди и на јужната страна на Земјата. Во трговски центар во Рио, кога температурата надмина 50 степени, автоматски се активираше противпожарниот систем, па врз посетителите почна да прска правот од апаратот за гаснење пожар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


