| четврток, 6 декември 2018 |

„Дневник“ открива: новата истрага ќе ја открие вистината за смртта на Трајковски

Омер Кукуќ, главниот истражител за скопскиот дневен весник „Дневник“ тврди дека дека повторната истрага ќе ги расветли сите спорни моменти за авионската несреќа во која загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски пред девет години.  Повторно е отворена истрага за паѓањето на македонскиот претседатели авион.

– Нема да исклучиме ниедно сценарио. Верувам дека ќе дојдеме до вистината, но сигурно е дека ќе направиме се за сите докази да ги ставиме на хартија и да ги направиме достапни за сите – вели Кулиќ во интервју за „Дневник“.

Воздухопловот “КингАир Б-200” на 26 февруари 2004 година се урна кај Мостар, Босна и Херцеговина, при што загинаа Трајковски, членовите на државната делегација и екипажот на авионот.

Во истражната комисија има експерти од БиХ, Македонија, Србија и Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top