| четврток, 6 декември 2018 |

Приштина: Убиено момче во училиштен двор

Непознат сторител вчера во двор на училиште во Приштина застрелал 14-годишно момче, а тешко ранил друго дете.

Убиеното момче пред два дена пристигнало од Шведска и во училиштето, во кое до лани бил и ученик, дошло за да се сретне со неговиот најдобар другар.

Според косовските медиуми, најверојатно станува збор за крвна одмазда бидејќи таткото на убиеното момче лани извршил убиство во Маздит, по што семејството заминало за Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top