| четврток, 6 декември 2018 |

Денис Родман запеа и заплака за Ким Јонг Ун (видео)

Ексцентричниот Денис Родман моментално е на мисија која ги надминува сите лудории кои досега ги има направено приватно и професионално.

Поранешниот најдобар скокач и шампион во НБА лигата Денис Родман во чест на роденденот на Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун организираше ревијален натпревар помеѓу Северна Кореја и НБА ветераните.

Натпреварот траел повеќе од два часа, а го прателе околу 14 илјади гледачи, а Родман ги шокирал сите кога му ја отпеал роденденската песна на Ун, а од силните емоции Денис и заплака.

– Ова е за неговиот роденден, ова е неговиот подарок. Ова е мојот подарок за него, од мене, од светот. Го сакам овој тип, овој тип ми е другар, и ќе ми биде засекогаш – рече Родман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top