По втор пат на четирите натпревари на коишто е стартер, Перо Антиќ е прогласен за играч на натпреварот.
Овој пат тоа му тргна од рака против најдобриот тим во НБА во моментов, Индијана Пејсерс, а за тоа доволни беа 16 поени, 4 скока, една асистенција со 6 погодени од 10 шута од поле и 3 од 6 за три поени.
Иако поради рано направената трета грешка, тој мораше да преседи на клупа голем дел од втората и третата четвртина, поради одличниот процент на реализација, но и поради големата борбеност во одбраната, беше избран за играч на натпреварот.
Најефикасен во Атланта беше Корвер со 17 поени, а со 16 постигнати поени Антиќ против Индијана го изедначи личниот рекорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.