| четврток, 6 декември 2018 |

Грција претседава со ЕУ, македонските новинари запишани под ФИРОМ

FYROM

Грција го почна шестмесечното Претседавање со Европската Унија .На официјалната интернет страна на грчкото претседателство, во делот за новинарска акредитација,  македонските новинари во графата за државјанството и националноста наместо македонски имаа можност да ја изберат само опцијата ФИРОМ јави дописникот на МТВ  од Атина.

Европскиот политички врв денеска во Атина присуствува на официјалното преземање на претседателството со Европската Унија од страна на нашиот јужен сосед. Претседателите на Европскиот Парламент и Европската Комисија и еврокомесарите се дел од присутните на церемонијата во грчката престолнина.
„Секој поглед на Европа заоснован на идеата дека некои се подобри од другите е точно анти-европска идеја. Ние сме за Европа заоснована на недискриминација. Европа во која што ние веруваме дека сите држави имаат еднакво достоинство”, изјави претседателот на Европската комисија на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Самарас.
Церемонија се оддржува во отсуство на претставници на најголемата опозициска партија СИРИЗА, поради нивното несогласување со приоритетите на Самарас  во рамките на шестмесечното претседавање.
Иако Грција своевремено се обидуваше да се претстави како движечка сила за интеграција на Регионот во Европската Унија, проширувањето сега и воопшто не се наоѓа меѓу нивните приоритети, а причината за тоа според познавачите  на состојбите се отворените прашања што земјата ги има со соседите – Македонија и Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top