Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја демантира информацијата дадена од нејзиниот Генерален секретар Жером Валке дека Светското првенство во Катар 2020 година наместо во летниот период ќе се одржува од ноември до јануари.
– Термините за натпреварување се предмет на комплекси консултации во кои учествуваат сите најголеми фактори во светскиот фудбал, конфедерациите, националните сојузи, лигите, клубови, играчите како и комерцијалните партнери на ФИФА. Поради тоа што со одигрување на натпреварите има уште осум години, нема да се брзаме за одлуката, имаме неопходно време за најдобриот можен договор, бидејќи мораме да ги земеме во предвид сите елементи кои се важни за одлуката. Во секој случај Извршниот комитет на ФИФА нема да донесе дефинитивна одлука пред СП во Бразил во ова лето, се наведува во соопштението на ФИФА.
Светските првенства во фудбал досега се играле во мај, јуни и јули, но високите температури во Катар во летниот период би можеле да влијаат на здравјето на играчите и навивачите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


