| четврток, 6 декември 2018 |

Не запира „Пероманијата“ меѓу Македонците во Америка

Од самиот почеток на настапите на Перо Антиќ Македонците во САД се активни на секој натпревар каде што гостува неговата Атланта но откако тој стана стартер и почна да дава и по 16 кошеви капитенот на репрезентацијата е дочекуван во бразилски стил.

За начинот на кој се навива од македонската дијаспора во САД пишуваат сите американски спортски медиуми особено оние што се занимаваат со кошарка.

Последната навивачка атракција која истовремено на едно исто место ги донесе  припадниците на дијаспората во градовите каде гостува Перо Антиќ или како што го нарекуваат дел од коментаторите „Pero the Hero“ (Перо Херојот) се случи во Чикаго.

Таму на натпреарот против домаќините Чикаго Булс дојдоа стотина Македонци од регионот на Големите езера но и од Индијана која е на стотина километри од Чикаго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top